Драма во Прилеп: „Голф“ падна во река, извлечени се двајцата патници

Фото: Markukule.mk

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) во 13:11 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 е пријавено дека автомобил „Голф“ паднал во коритото на Прилепска река кај мостот „Кочо Рацин“.

Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со противпожарната едници од Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на местото, како и од Итната медицинска помош Прилеп и дека во возилото имало две лица кои се извлечени. На терен, согласно ситуацијата, била излезена и полициска екиа од Полициската станица Прилеп.

Едното од лицата е неповредено, додека другото било повредено и веднаш е транспортирано со Брза помош во прилепската болница, и e надвор од животна опасност.

Конкретно, ЦУК има информација од МВР Прилеп дека ангажираните екипи од Системот за управување со кризи (СУК) сѐ уште се на терен и е повикана „шлеп“-служба за извлекување на возилото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот