ДРАМА ВО БИХ: Шестгодишно дете паднало во надојдената река, мајката скокнала по него (ВИДЕО)
Во местото Бегов Хан кај Жепча денеска шестгодишно момче падна во река, чиј водостој се зголеми како последица на обилните дождови.
Препорачано
Неговата мајка скокнала по него за да го спаси, но безуспешно. Со возило на Брза помош мајката е префрлена во болница, а специјална полициска единица е ангажирана во потрагата по детето.
Инаку, состојбата на поплавените подрачја во БиХ постепено се нормализира, но и натаму е тешко на подрачјето на Приедор и Сански Мост, каде излевањето на водата од реката Сана и натаму е закана за стотина станбени и деловни објекти. Според податоците од претпладнево, Сана во приедор достигна ниво од 460 сантиметри, што е кота на вонредна одбрана од поплави.
– Прогнозите не се добри. Во следните два дена очекуваме уште 50 до 100 мм дожд во континенталните делови на Хрватска, а исто така и многу дожд во БиХ, што ќе влијае на водостојот на реката Уна, изјави синоќа генералниот директор на Хрватски води Зоран Ѓурковиќ.
Жителите на босански Котор Варош, кои се снабдуваат од градскиот водовод, од утрово се без вода. Станува збор за илјадници корисници, кои останаа без вода откако е испразнет резервоарот во населбата Коториште.


