Драма во Белгија: Авиониот на Меси приземјен поради дефект

Приватниот авион на ѕвездата на Барселона, принудно слета на аеродромот во Бриселк поради проблеми со опремата за слетување.

Авионот во девет часот наутро полетал за Тенерифе, но по само 90 минути повторно се појавил на аеродромот во Брисел. Засега не е познато дали во авионот бил и Меси со семејството или го позајмил на некого.

Од аеродромот во Брисел одбија да ги откријат причините за принудното приземјување на приватниот авион на Лионел Меси.

Аргентинецот го купи авионот за 13 милиони евра но вложи уште неколку милиони за преуредување.

На страничниот дел од авионот може да се види бројот десет, а на скалилата за влез во авионот се испишани неговото име, на сопругата и на трите сина.
Исто така авионот е опремен и за долги летови, во него има кујна и две соби за одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот