Драма кај манастирот Трескавец: Девојки паднале во бездна, спуштајќи се по карпите

фото: МИА

Две девојки попладнево паднале во бездна кај манастирот Трескавец во близина на Прилет, обидувајќи се да се спуштат по стрмните и непристапни карпи, соопшти Центарот за спасување со кризи. Тие се јавиле и побарале помош преку телефонската линија 112, по што на местото веднаш се упатиле спасувачи.

„За настанот веднаш се известени и излезени на терен доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и екипа од ТППП Прилеп (четворица пожарникари со едно теренско возило), ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола)“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Во 17:15 часот двете девојки се пронајдени од доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и тие се во добра здраствена состојба, информираат од ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот