Драганов: Она што се говори во Давос не е ништо ново, потребно е менување на свеста

Во 2007 година на ораторската манфистеција „Иво Пухан“ на Правниот факултет, Мирослав Драганов говореше за стаклена градина. Колку за овие години се има променето она што тогаш Драганов го детектираше, со ова што сега се случува, говори во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

– Има промени од аспект дека повеќе луѓе сфатиле дека имаме проблем. Но дека нешто се отстранило во однос на последиците- нема некој голем напредок. Она што се говори насекаде, па и во Давос не е ништо ново, но би сакал да ги кажам сите пречки до кои што јас поминав за да дојде за ова јавно да се знае и говори. Кога почнав говорите да ги објавувам на јутјуб, се соочував со невиден притисок зошто тоа воопшто го објавувам. Ми се сугерираше да се преведува на друг јазик итн… Но не беше време да се чека. Сега забележувам дека напредок во некој дел е направен кај оние кои што одат во странство итн.. Почнува да се говори за рециклирање, за отпадоци каде да се фрлаат. Тоа се менува. Спор процес е, но почнуваме да размислуваме- изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Мирослав Драганов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот