Рајан Рут / Фото: Profimedia / EPA-EFE

Доживотен затвор за Рајан Рут за обидот за атентат врз Трамп

Рајан Рут е осуден на доживотен затвор за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, во 2024 година, во голф-клубот „Трамп Интернешнл“ во Вест Палм Бич, соопшти федералниот суд, пренесува Ен-би-си.

Според обвинението, агент на Тајната служба на САД забележал цевка од пушка како штрчи од грмушките во близина на теренот и отворил оган, по што осомничениот побегнал. Рут бил уапсен на кратко растојание од местото на настанот. На локацијата била пронајдена полуавтоматска пушка со телескопски нишан и продолжен магазин.

Човекот што сакаше да го убие Трамп е прогласен за виновен по сите обвиненија

При изрекувањето на пресудата, судијката Ајлин Кенон изјави дека злосторствата на обвинетиот „несомнено заслужуваат доживотен затвор“, нагласувајќи дека тој со месеци планирал атентат врз истакнат претседателски кандидат и не покажал каење за своите постапки.

Рут се изјасни за невин и реши сам да се брани за време на судењето, кое започна на 8 септември. За време на постапката се однесувал непредвидливо, честопати зборувал за неповрзани теми и го предизвикувал Трамп на партија голф. По изрекувањето на пресудата, тој се обидел да се самоповреди во судницата, по што обезбедувањето веднаш реагирало и го отстранило.

На поротата ѝ било соопштено дека Рут оставил список на локации каде што Трамп можел да се појави, како и порака до пријател во која настанот го опишал како „обид за атентат“.

Анализа: Кој е Рајан Рут, кој бил мотивот да се обиде да изврши атентат и какви активности имал поврзани со Украина?!

Инцидентот во Флорида беше втор обид за атентат врз Трамп во 2024 година, по пукањето на предизборен митинг во Батлер, во јули истата година, кога едно лице беше убиено, а неколкумина повредени, вклучувајќи го и самиот Трамп. Напаѓачот во тој случај беше ликвидиран на лице место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот