Дончиќ го пропушата „Ол-стар“ спектаклот?
Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот настап на Ол-стар натпреварот следниот викенд. Во меѓувреме, сè поизвесно е дека бекот на Голден Стејт вориорс, Стефен Кари, ќе го пропушти овој спектакл, но и натпреварите што му претходат, поради повреда на коленото.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Статусот на двете суперѕвезди беше разјаснет пред победата на Лејкерс над Вориорс со 105:99 изминатата вечер. Тренерот на Лејкерс, Џеј Џеј Редик, изјави дека магнетната резонанца, направена откако Дончиќ се повреди во победата над Филаделфија во четвртокот, покажала дека нема посериозно оштетување.
По саботниот дуел, Лејкерс имаат уште три домашни натпревари пред Ол-стар паузата, а Редик нагласува дека Дончиќ има голема желба да биде на располагање и да настапи на својот шести Ол-стар натпревар.
Во овој момент Дончиќ е најдобар стрелец во лигата со просек од 32,8 поени по натпревар. Тој е втор асистент во НБА со 8,6 додавања, а се наоѓа и меѓу најдобрите 25 скокачи со просек од 7,8 скока по натпревар.


