Донација од хуманитарната организација „Свети Спас” за деца од семејства од социјален ризик во Берово

Во Берово беа доделени хуманитарни пакети за деца од социјално загрозени семејства. Пакетите со кондиторски производи се донација од хуманитарната организација „Свети Спас” која, во соработка со Општината, денеска израдува 52 дечиња од Берово.
Хуманитарната организација „Свети Спас” дејствува при Скопската православна епархија. Оттаму посочија дека целта на ваквите активности е да им се помогне на сите луѓе на кои им е потребна помош, без разлика на вера, националност и политичка определба.
-Со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, досега организацијата има помогнато на повеќе од 350 семејства на коишто континуирано, секој месец, им носи храна, хигиенски производи, облека и слично, посочија од хуманитарната организација.
Од Општина Берово истакнаа дека ваквите донации се надополнување на претходните донации од општествено одговорни фирми и поединци од општината и се важни за никој да не биде заборавен, особено во овој период на здравствена криза.
Градоначалникот Звонко Пекевски, кој додели дел од хуманитарните пакети, се заблагодари за досегашната поддршка и упати порака за хуманост до други организации и фирми да го следат овој пример.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот