Домашниот тероризам е најголема закана за САД

Напад во Капитол Хил / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

За прв пат по повеќе од 20 години, американската стратегија за борба против тероризмот е насочена кон домашен наместо исламски тероризам, што е поврзано со настаните од јануари, кога приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во Конгресот.

Белата куќа обзнани дека домашниот тероризам како најголема закана за американската безбедност. Владата предупредува на екстремно десничарски организации, а некои од нив учествуваа во настаните во Капитол, како најголем ризик за безбедноста на државата и граѓаните, пренесува „Волстрит журнал“.

За разлика од претходната политика насочена кон тероризмот што доаѓаше однадвор, стратегијата на Џоозеф Бајден се врти навнатре, што, како и многу други теми, ја подели јавноста.

Додека едни ги поздравуваат промените, изјавувајќи дека муслиманските фундаменталисти не биле најголем ризик за Америка веќе подолго време, други сметаат дека ова е извртен начин за владата да се справи со приврзаниците на поранешниот претседател.

Според стратегијата, Министерството за правда и Федералното биро за истраги (ФБИ) ќе добијат уште сто милиони долари и ќе ангажираат дополнителни истражители за да спречат идни напади.

Планирана е поблиска соработка со технолошки компании, чии платформи често служат за пропагирање на злосторства од омраза, како и поамбициозно спротивставување на расизмот, за кој се проценува дека е основа на десниот екстремизам. Владата на Бајден има намера да инвестира повеќе во образованието и менталното здравје, како и да го реши прашањето за бесплатно оружје.

Поради релативно лабавите правила, дури и луѓето со екстремистички ставови можат легално да набават оружје, што е потврдено во масовни убиства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот