Доли Партон донираше еден милион американски долари за реализација на вакцината за ковид-19

Instagram
Instagram

Во април Доли Паттон изјави дека ќе донира еден милион американски долари на Универзитетот Вандербилт за истражување на лек за коронавирус. Повеќе од седум месеци подоцна, беше откриено дека донацијата на легендарната кантри пејачка ќе биде пренасочена во финансирање на вакцината „Moderna“.

Instagram
Instagram

Според нејзините објави на социјалните мрежи во април, нејзиниот долгогодишен пријател д-р Наџи Абумрад ја известил дека напредуваат во истражувањето за пронаоѓање лек за коронавирусот во Внадербилт.

Instagram
Instagram

Од компанијата што работи на вакцината „Moderna“ во понеделникот изјавија дека прелиминарните податоци покажуваат дека нивната вакцина се чини дека е ефикасна дури 94,5% обезбедувајќи надеж за време на напливот на вируси низ целиот свет. Пред една недела конкурентот „Pfitzer Inc“ објави дека нивнта вакција е слично ефикасна, вест што ги става двете компании на вистинскиот пат да бараат дозвола во рок од неколку недели за итна употреба на вакцина.

Името на пејачката Партон се појавува во прелиминарниот извештај за вакцината меѓу спонзорите, вклучувајќи го и Националниот институт за алергија и инфективни болести, кој го предводи д-р Ентони Фаучи.

Instagram
Instagram

Кога го започнавме фондот, се надевав дека можеби ќе најдеме некои лекови или што и да е, но сега се чини дека веројатноста е многу поголема и јас сум благодарна што се случува ова“, изјави Доли Партон.

Пејачката исто така ги охрабри сите што можат да си дозволат, да се приклучат со свои донации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот