Докторите се борат за животот на пејачката Индира Арадиновиќ: И ја отстранија слезината, па и беше извршен бајпас (ФОТО)
Едита Арадиновиќ го раскажа трауматичното искуство со кое се носи овие денови, а во прашање е нејзината сестра, пејачката Индира Арадиновиќ Инди, чиј живот во овој момент е доведен во опасност, објави Едита на Инстаграм.
Индира се одлучила на операција за намалување на желидникот од естетски причини, меѓутоа, наводно дошло до компликации, тврди нејзината сестра.
Едита се огласи на Инстаграм и со фановите сподели низ што се поминува нејзината сестра, но и нејзиното семејство.
– Се започна неочекувано. Таа отиде здрава да го оперира желудникот и требаше да излезе по три дена, меѓутоа работите се искомплицираа – пишува нејзината сестра, која потоа наведе и дека по компликациите, докторите и ја отстраниле слезината на Индира, па и извршиле бајпас.
„Мојата сестра моментално се наоѓа на интензивна нега и во овој момент докторите се борат за нејзиниот живот. Размислуваат за уште една операција, а на нас ни останува тоа да не се случи и се надеваме дека нејзиниот организам со лековите кои ги прима, како и со терапијата, ќе успее да оздрави. Таа се уште нема јадено, ниту спиено. Никој не гарантира како ќе заврши ова. Никој не очекуваше дека ова ќе се случи“, додава Едита на Инстаграм.