Доктор Мухамед Асани изјавил дека ја породил Веапоска со машко бебе, а таа дома си отишла со женско

Јалдз Веапоска

„Слободен печат“ дојде до целосниот извештај од спроведениот стручен надзор на Лекарската комора, за случајот каде на медицинската сестра од Дебар Јалдз Веапоска, извадени и беа матка, бубрег и јајник, иако во струшката болница отишла само за да се породи.

Во изјавата што директорот и гинеколог во струшката болница, доктор Мухамед Асани ја дал пред членовите на Лекарската комора, навел дека родилката ја породил со машко бебе, иако всушност, бебето е женско.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Во извештајот пишува дека кај родилката настапило крварење од артерија на левата страна, па затоа морале да го вадат и бубрегот. ,,Со оглед на тоа што крвниот сад не можел да биде реконструиран, оперативната екипа била принудена да направи левострана нефректомија” пишува во извештајот од Лекарската комора кој содржи 10 страници.

– Не можеле да утврдат лекарска грешка, а повреден бил крвен сад. Јас сама го повредив?, прашува Веапоска за ,,Слободен печат”. И покрај тоа што во извештајот пишува дека имало крварење од артерија на левата страна и затоа бубрегот морало да биде изваден, за петчлената анонимна и гарантирано заштитена комисија на Лекарската комора, пропусти официјално во заклучокот, не се пронајдени.

„Слободен печат“ со дозвола од пациентката го објавува извештајот од стручниот надзор.

„Државна тајна“ се петмината од Лекарска комора што не нашле лекарска грешка за членот на нивниот Извршен одбор, доктор Мухамед Асани

ВИДЕО | Десет членови на Лекарска комора нe можат да кажат како настанало крвавењето во телото на Веапоска

ВИДЕО | Веаповска од Патологија ги подигна парафинските калапи од своите органи: Се чувствувам како половина човек

ВИДЕО | Веапоска: Ми праќаат луѓе да сме се смиреле со Aсани, не прифаќам

Четири жени од Дебар тврдат дека доктор Асани ги прегледувал во домашната ординација, Веапоска плаќала по 1.000 денари за преглед

Доктор Мухамед Асани не направил лекарска грешка кога на родилката и биле извадени матката бубрегот и јајникот

ВИДЕО | Д-р Бесими до Николовска од ДКСК: Кај секоја болест се можни компликации, Лекарската комора направи непристрасен стручен надзор

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот