ВИДЕО | Десет членови на Лекарска комора нe можат да кажат како настанало крвавењето во телото на Веапоска

Фото: Слободен печат/ Ристо Пејовски

Од што настапило крвавењето во телото на родилката Јалдз Веапоска од Дебар па морале да се вадат органи и да се спасува нејзиниот живот? Зошто после царскиот рез, како што тврди самата, пет дена не и бил направен ехо преглед, се додека не паднала во шок, па морало повторно да ја оперираат по што излегла без бубрег?

Специјалната и гарантирано заштитена петчлена комисија на Лекарската комора била во Струга за да разговара со сите инволвирани во операцијата и ги разгледувала документите од интервенцијата.

Но, денеска на прес конференцијата на која што се очекуваше да бидат образложени наодите од стручниот надзор, тоа не се случи.

На прес конференцијата не дојдоа лекарите кои го вршеле надзорот, а претседателката, доктор Калина Гривчева Страделова, рече дека не го видела извештајот од надзорот и не може да го коментира. Останува непознато кои доктори биле назначени да го вршат стручниот надзор и што всушност открил овој надзор.

Така, Лекарската комора всушност организираше прес конференција за да објасни дека не е нивна работа и надлежност да утврдуваат лекарска грешка, туку на Обвинителството. Тврдеа и дека адвокатот на Веапоска, од адвокатската канцеларија Јанев, не им побарал да го добие извештајот од нивниот стручен надзор.

-Состојбата од извештајот се прави од достапната медицинска документација, прибраните изјави во моментот кога комисијата е таму, а членувањето во комисијата е доброволно, рече претседателката.
Таа додаде дека во минатото на нејзините колеги им се правеле притисоци кога ќе се дознаело дека се дел од стручен надзор, па затоа се донела одлука идентитетот да им биде таен.

-Поради притисоци од семејствата, пациентите и други колеги, имињата на членовите се загарантирано безбедни, рече доктор Гривчева Страделова.

Извештајот од надзорот не влијае на тоа дали ќе се покрене понатамошна судска постапка од страните во процесот.

Извештајот е доставен до Министерството за здравство, кое според Комората ќе го има крајниот збор. Но, нивниот извештај покажува дека нема пропусти во интервенцијата каде медицинската сестра остана без три органи.

На гинекологот Мухамед Асани, работењето во Извршниот одбор во Лекарската комора му е ставено во мирување додека да заврши целиот случај.

За него и уште пет лица од струшката болница, покрената е кривична пријава за тешки дела против здравјето на луѓето од страна на адвокатската канцеларија Јанев. Пациентката Јалдз Веапоска пак, тврди дека нејзините органи биле извадени здрави. Ама на бубрегот имало траги од свежо крвавење. Вештачењето сега се прави приватно, од страна на Веапоска, во приватна болница.

.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот