„Државна тајна“ се петмината од Лекарска комора што не нашле лекарска грешка за членот на нивниот Извршен одбор, доктор Мухамед Асани

Кои петмина лекари учествувале во стручниот надзор на Лекарската комора, кој беше извршен во општата болница во Струга, откако во медиумите одекна информацијата дека медицинската сестра од Струга Јалдз Веапоска излегла од породување без три органи, матка, бубрег и јајник? Ова прашање има статус на доверлива информација.

Ниту Лекарската комора ниту Министерството за здравство не ги кажуваат имињата на петмината експерти што не нашле медицински пропуст при ова породување. Всушност, Министерството за здравство тврди дека не знае кои биле лекарите.

Докторот Мухамед Асани е член на Извршниот одбор на Лекарската комора која формираше комисија да му ја испитува работата. Од Министерството за здравство за „Слободен печат“ велат дека објавувањето на извештајот во целост ќе ја наруши приватноста на пациентката Јалдз Веапоска.

Извор: Веб страница на Лекарска комора на РСМ

Меѓутоа, дури ни нејзиниот адвокат од адвокатската канцеларија Јанев, не може да го добие истиот извешттај, иако им доставил полномошно на експертите од Лекарската комора.

„Објавувањето на извештајот во целост е спротивно на Законот за заштита на права на пациенти. Извештајот кој содржи лични податоци за пациентката како и текот на нејзиното лекување, единствено може да го добие лично пацинетката, член од нејзиното семејство кое ќе добие полномоштво од пациентката како и надлежни институции. Што се однесува до членовите на Комисијата кои го извршиле стручниот надзор, истата ја формира Лекарската комора на РСМ, имињата на членовите на комисијата кои го вршат стручниот надзор не се познати на Министерството за здравство и не се наведуваат во извештаи кои ЛК ги доставува до Министерството“, велат од МЗ за нашиот медиум.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека извештајот не е класифициран, ама него го нема ниту еден медиум, ниту адвокатот на семејството. Од Министерството објаснуваат дека Филипче всушност мислел на заклучокот од Извештајот. Министерството за здравство не знае кои лекари учествувале во стручниот надзор.

„Што се однесува до лекарите кои учествувале во стручниот надзор, министерот вчера на прес конференција посочи дека им стои на располагање на медиумите, но прво треба да „види во каква форма ЛК го доставила извештајот до Министерството“, мислејќи на тоа дали во истиот се наведени имињата на членовите од комисијата. Во извештајот доставен до Министерството, како што веќе посочи Одделението за односи со јавноста, имиња на членови на комисија кои вршеле стручен надзор, не се наведени“, велат од МЗ за „Слободен печат“.

ВИДЕО | Веаповска од Патологија ги подигна парафинските калапи од своите органи: Се чувствувам како половина човек

Министерството за здравство следната недела со став за доктор Асани од Струга

Доктор Мухамед Асани не направил лекарска грешка кога на родилката и биле извадени матката бубрегот и јајникот

ВИДЕО | Веапоска: Ми праќаат луѓе да сме се смиреле со Aсани, не прифаќам

Видео на денот