ВИДЕО | Д-р Бесими до Николовска од ДКСК: Кај секоја болест се можни компликации, Лекарската комора направи непристрасен стручен надзор

Би сакал да ја коментирам изјавата која госпоѓата од ДКСК ја даде дека не е нормално да влезете во болница и оттаму да излезете без три органи и сето тоа да биде по закон. Јас ќе кажам – не е нормално да се влезе во болница освен ако си вработен таму, бидејќи секој кој доаѓа како пациент доаѓа заради некоја болест и секоја болест не е нормална, изјави во Утрински брифинг д-р Илбер Бесими, заменик претседател на Лекарска комора.

Според него ваквите коментари од прва рака се непрофесионални и недолични бидејќи реално за секоја болест се можни компликации и наоди.

-Втора работа е дека Лекарската комора како еснафска организација со посебни овластувања дадени од државата, според закон, по налог на МЗ и по барање на ДЗСИ има овластување да врши надзор на било која здравствена установа и работник кој ја врши работата со соодветна лиценца. Така и во овој случај по барање на МЗ, бидејќи министерот е тој кој на крајот ги носи одлуките, а Лекарската комора ги собира сите лекари, специјалисти, суб-специјалисти, професионалци во областа на медицината, побара да се направи стручен надзор во струшката болница, за случајот со г-ѓа Веапоска. Комората се фати веднаш со работа, комисијата за стручен надзор состави комисија од 5 членови – експерти по области кои и дале стручен надзор за третирањето на пациентот. Мене ми е многу жал за текот и исходот на породувањето т.е понатамошното лекување, бидејќи кај секоја болест може да се појават компликации. Тоа е општо познато. Комисијата направи непристрасен и професионален стручен надзор, изјави во Утрински брифинг Д-р Илбер Бесими, заменик претседател на Лекарска комора.

Според него извештајот од Патологија кој вика дека се извадени здрави органи, не може да утврди состојба кај пациентот.

-Целата работа е што пациентот е жива особа која се живее нормален живот со новата состојба. И втора работа е дека мора да се направи дистинкција помеѓу стручен надзор – таму не бил инволвиран само д-р Асани. Има гинеколошки третман, има и хируршки третман и инволвиран е уролог. Лекарската комора ги интервјуирала сите членови и лекари кои биле инволвирани во третирањето на пациентката, но мора да се направи една битна дистинкција. Стручниот надзор не е судско вештачење. Ние правиме стручен надзор во смисла на оценуваме на стручноста, односно уролошкиот дел го направил уролог, хируршкиот – хирург и гинеколошкиои – гинеколог. Ние како лекари би биле најсреќни во светот доколку би имале таква можност да ги превенираме компликациите. Тој што ќе го достигне тоа ќе биде најпознатиот лекар во цел свет. Појавувањето на компликации е проблем на светското здравје. Тука се прави некое погрешно толкување на факти и јавноста се доведува во заблуда, вели д-р Бесими.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

ДОКУМЕНТИ | Родилката ќе се бори до крај: Ми извадија здрави и прави органи, го имам наодот од Патологија!

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот