Дојранско езеро конечно доби нов концесионер

Фирмата „Костреж 2018″ од селото Николич е новиот концесионер на Дојранското езеро кој во иднина ќе се грижи за организирање и спроведување на стопанскиот, спортскиот и рекреативниот риболов на езерото, соопштија од Општината Дојран.

– Како големи поддржувачи на спортскиот риболов ќе се трудиме секогаш да бидеме во функција и достапни за сите риболовци, да им обезбедиме подобри услови за риболов од досегашните на Дојранското езеро и од наша страна да бидат доследно испочитувани од почеток до крај, велат од фирмата концесионер.

Веќе од утре, 20 јули, новиот концесионер најави дека ќе почне и со издавањето на риболовните дозволи кои за еден ден ќе чинат 250 денари, а за период од една година по 2.500 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот