Доделени „Златните малини“: Ова се убедливо најлошиот филм и најлошиот актер за 2025 година
Филмот „Војна на световите“ (War of the Worlds) е прогласен за победник во клучни категории, вклучувајќи ги „Најлош филм“, „Најлош римејк“, „Најлош сценарио“ и „Најлош режисер“. Главниот актер, познатиот рапер Ајс Кјуб, исто така не избега од критиките и беше прогласен за „најлош актер“ за улогата во споменатиот филм.
Препорачано
Овој научно-фантастичен филм имаше вкупно шест номинации „Златна малина“, а наградата му избега само во категоријата „Најлоши комбинации на екранот“. Во таа категорија, „победата“ ја однесе конкуренцијата.
Меѓу другите победници, се издвои новата верзија на филмот „Снежана“, чии „сите седум вештачки џуџиња“ освоија две „Златни малини“ – наградата за „Најлоша комбинација на екран“ и за „Најлош спореден актер“.
Ребел Вилсон ја освои „Златната малина“ во категоријата „Најлоша главна актерка“ за, како што наведоа, тешко убедлива изведба како акциона хероина во „Bride Hard“. Скарлет Роуз Сталоне, ќерката на Силвестер Сталоне, ја предводеше категоријата споредна актерка. Таа ја освои наградата „за нејзината модерна изведба во бизарниот вестерн „Gunslingers“.
За разлика од повеќето добитници, Кејт Хадсон доби позитивно признание оваа година. Наградата „Златна малина за искупување“ (Razzie Redeemer Award) ѝ припадна на Кејт Хадсон за нејзината улога во „Song Sung Blue“. Оваа статуетка се доделува на филмска ѕвезда која претходно била номинирана или освоила „Златна малина“, но го подобрила впечатокот со подоцнежна значајна улога. Хадсон беше номинирана за Оскар оваа година за истата улога.
„Златните малини“ секоја година ги слават најлошите изведби и остварувања во филмската индустрија. Според наводите на организаторите, за наградите гласаат повеќе од 1.000 членови од Соединетите Американски Држави и од неколку други земји. Гласачите се членови на Фондацијата „Златна малина“, која е составена од филмски критичари и експерти.


