Градежни работи на автопат / Фото: Фејсбук

Додека се гради автопатот, ќе се патува со воз на релација Прилеп-Битола-Жабени

Железничката линија Прилеп-Битола-Жабени ќе биде пуштена најдоцна до јуни годинава, а повратна карта ќе чини 150 денари, најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски на денешната средба во Битола со Регионлните комори од двата града. Според него, патниците на оваа релација ќе можат да се движат побрзо и да стигнуваат навреме.

Ова решение, рече Николоски, се предлага додека трае изградбата на автопатот Прилеп-Битола, поради што и патувањето по 40 километри пат се одвива отежнато. Дел од сообраќајот сега минува и по стариот регионален пат и понекогаш се патува по еден час и повеќе, а тоа создава метеж и нервози.

„Затоа, работиме со Македонски железници-Инфраструктура и транспорт најдоцна до јуни да пуштиме меѓуградски воз кој би оперирал на линија Прилеп-Битола-Жабени. Оние кои имаат дневна потреба за патување меѓу овие два града, а и оние кои работат во индустриската зона Жабени, да го користат возот. Ќе одиме со промотивна цена за повратна карта од 150 денари, што е најевтино што може да се најде на пазарот имајќи предвид дека паркинг некој би платил повеќе, да не зборуваме за бензин за возило“, рече Николоски.

Првиот градски воз ќе тргне на 1 септември, вели министерот Николоски – Слободен печат

Изведувачите му ветиле на Николоски дека следната пролет ќе може да се вози по првите километри автопат на потегот од Прилеп-Битола, а целиот автопат да се заврши пред рокот, односно во пролетта 2029 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот