Додека се бори со ракот: Долф Лундгрен се ожени со својата 38 години помлада девојка

Фото: Instagram/ emmakrokdal

Актерот Долф Лундгрен (65) и неговата партнерка Ема Кордал (27) направија интимна венчавка во вилата на Миконос. Тие го кажаа своето судбоносно „да“ пред членовите на семејството и неколку блиски пријатели минатата недела, пишува „Пипл“.

Фото: Instagram/dolphlundgren

Поради пандемијата на коронавирус и битката на Лундгрен со ракот, двојката неколку пати морала да го поместуваат датумот за овој свечен момент.

„Почувствувавме дека конечно дојде време да ги славиме љубовта, животот и среќата, во земјата на боговите“, изјавиле тие.

Актерот неодамна откри дека веќе осум години се бори со рак на белите дробови и верува дека неговата употреба на стероиди во младоста е виновна.Во едно интервју изјавил дека особено проблематичен бил туморот на црниот дроб, кој пораснал до големина на лимон. Прогнозата не била добра, а еден лекар му рекол на актерот дека му остануваат само уште две до три години живот.

Фото: Instagram/emmakrokdal

Инаку, на актерот роден во Стокхолм ова ќе му биде втор брак. Со поранешната сопруга Анет Квиберг има две ќерки Ајда Сигрид Лундгрен (27) и Грета Евелин Лундгрен (22).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот