Додека цел свет зборува за здравствената состојба на Ким, животот во С.Кореа се одвива нормално

Ким последен пат е забележан во јавност на 11. април кога претседаваше со седница на владеачката Работничка партија и кога побара да се спроведат посебни мерки во борбата против корона вирусот.

Во Северна Кореа деновиве се функционира нормално без било какви знаци на абнормалност, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување, а ваквите информации доаѓаат по повод шпекулациите за здравствената состојба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

– Нема невообичаени знаци. Ги следиме севернокорејските медиуми и забележавме размена на честитки и официјални писма по повод неодамнешната прослава, соопштува јужнокорејското Министерство додавајќи дека забележале дека Ким во средата му се заблагодарил на сирискиот претседател Башар ал Асад за честитките по повод годишнината од раѓањето на дедото на Ким, минатата недела.

-Ваквите примери за нас се знак дека во земјата се спроведуваат вообичаените активности, се вели во соопштението на министерството.

Ким последен пат е забележан во јавност на 11. април кога претседаваше со седница на владеачката Работничка партија и кога побара да се спроведат посебни мерки во борбата против корона вирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот