Фото: илустрација / Rawpixel

Доцнат летови, еден е откажан – маглата го поремети авиосообраќајот на скопскиот аеродром

Маглата во скопската котлина денеска предизвика пореметување во авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром. Дел од летовите се реализираат со задоцнување, а еден лет е целосно откажан.

Временските услови влијаат и на слетувањата и на полетувањата.

Фото: TAV

Најголемо доцнење во пристигнувањата има летот на „Пегасус“ од Истанбул (Сабиха Гокчен). Летот на „Виз Ер“ од Дортмунд ќе пристигне со половина час задоцнување, додека летот на „АЏет“ од Истанбул е откажан. Летовите од Нирнберг, Фридрихсхафен и Виена засега се реализираат според распоредот.

Доцнења се регистрирани и кај заминувањата од Скопје. Летот на „Виз Ер“ за Париз е одложен за 35 минути и ќе полета во 13:00 часот. Летот на „Туркиш Ерлајнс“ за Истанбул ќе полета со задоцнување од еден час и 20 минути, односно во 14:20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот