Добрила Кацарска е предлогот на Судски совет за нов уставен судија

Судијката Добрила Кацарска е предлогот на Судскиот совет за нов член на Уставниот суд. Нејзиното име било едногласно избрано, односно со 12 гласови „за“.

Таа претходно истакна дека доколку ваква позиција и биде понудена со задоволство би ја прифатила и би и претставувало чест да е уставен судија.

Кацарска има судиски стаж од над 30 години, а во моментов е судијка во Одделот за организиран криминал и корупција. Претходно во својата кариера ја извршуваше и функцијата претседател на Кривичниот суд.

Името на судијката беше зачестено споменувано во јавноста по изречените судски пресуди во случајот „Тенк“, за набавката на луксузниот Мерцедес, како и за насилствата од 27 април во Собранието, по што опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваше за пристрасност и непрофесионалност. Токму за новиот предлог, Кацарска да биде уставен судија, ќе биде потребна и поддршка од парламентарно застапените партии.

Нејзиното име сега треба да помине на пленарна седница во Собранието. Судскиот совет предлага двајца судии за Уставниот суд, за чие усвојување треба двотретинско мнозинство во Собранието. Ако ниту еден од предложените не го добие потребното мнозинство, постапката за предлагање кандидати се повторува.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот