„Добредојдена загуба“: Кејтлин Џенер се огласи за смртта на О.Џ. Симпсон

Фото: EPA

Кејтлин Џенер (74) се огласи во врска со смртта на играчот на американски фудбал О.Џ. Симпсон, кој почина вчера на 77-годишна возраст, по неколкугодишна борба со ракот на простатата.

„Добредојдена загуба“, напиша Џенер на социјалните мрежи.


Инаку, Кејтлин Џенер е револуционерно лице на трансексуалноста во САД. Таа е родена како Брус Џенер – спортска икона и почесен олимпиец, добитник на златен медал на Олимписките игри во 1976 година. На помладите генерации им е познат како татко на Кендал и Кајли Џенер, а во минатото беше во брак со Крис Џенер, една од најблиските пријателки на сопругата на О.Џ Симпсон – Никол.

Кејтлин немаше убави зборови за О.Џ. Симпсон во нејзината автобиографија „Тајните на мојот живот“ („The Secrets of My Life“).

„Тој беше најнарцисоидниот, најсебичниот маж во светот на спортот што некогаш сум го видела, а сум видела многу од нив“, напиша таа.

Да потсетиме, Симпсон достигна најголема популарност со судењето за убиството на неговата поранешна сопруга Никол и најдобриот пријател Рон Голдман. Полицајците ги опишаа сцените пронајдени во нејзиниот дом како ужасни. Убиецот ѝ го пресекол грлото на 35-годишната Никол од уво до уво и ја избодел со нож.

Симпсон на судењето го бранеше адвокатот Роберт Кардашијан, првиот сопруг на Крис Џенер и таткото на Ким, Кортни, Роберт и Клои Кардашијан. Адвокатот почина од рак на хранопроводникот во 2003 година.

Во една прилика, Кејтлин беше прашана дали ѝ е тешко да го гледа судењето за Симпсон.

„Тоа беше исклучително тешко време. Никол беше најдобрата пријателка на Крис. Бев во куќата на Никол два дена пред убиството. Очигледно тој ја уби и се извлече. Во еден момент дури ѝ рече на Никол: ‘Ќе те убијам и ќе се извлечам од тоа. Ќе се справам со ситуацијата само затоа што сум О.Џ Симпсон’“.

„Бевме во судот. Гледавме што се случува во другата соба. По пресудата дека е невин, Крис се сврте кон мене и ми рече: ‘Требаше да ја слушаме Никол. Таа беше во право од самиот почеток’“, додаде таа.

Поротата го прогласи О.Џ. Симпосн за невин на 3 октомври 1995 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот