Фото: John Walton / PA Images / Profimedia

Добила судски спор користејќи Четџипити наместо адвокат

Американката од Калифорнија Лин Вајт успешно доби судски спор користејќи вештачка интелигенција. Според NBC News, таа го користела ChatGPT за да ја поништи наредбата за иселување и да избегне високи казни. Имено, Вајт доцнела со плаќањето на киријата, поради што го изгубила судскиот спор, а потоа решила самата да се застапува на суд со помош на вештачка интелигенција.

Таа им објасни на медиумите дека ChatGPT ѝ помогнал да ги идентификува грешките во процесот и да подготви жалба.

„Не можам доволно да ја нагласам предноста на вештачката интелигенција во мојот случај. Не можев да победам без вештачка интелигенција“, рече Вајт.

Вајт е една од неколкуте луѓе интервјуирани од NBC кои се претставувале себеси со помош на вештачка интелигенција и излегле како победници. Стејси Денет, сопственичка на бизнис за домашен фитнес во Ново Мексико, исто така користела вештачка интелигенција за успешно да преговара за спогодба за неплатен долг. Сепак, експертите предупредуваат дека потпирањето на вештачка интелигенција во правни случаи може да биде ризично.

Алатките како ChatGPT понекогаш прикажуваат неточни или измислени информации, што веќе доведе до казни и дисциплински мерки против поединечни адвокати ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот