До кога ќе чекаме по шалтери за вадење документи и како се станува „Жена лавица“ во Македонија? Утре во „Слободен печат“
Естонија е водечка земја во Европа во дигитализацијата на услугите и нивната достапност до граѓаните. Во Македонија пак нема сфера каде што дигитализација не е насушна потреба, а сепак отсуствува. Тоа го бара и бизнис секторот, и институциите на државно и локално ниво, студентите, младите, судовите и пред сè граѓаните. Дали шалтерите и бесконечното чекање за документ конечно ќе стане минато, во утринската емисија „Слободен печат“ разговараме со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Препорачано
Дали има потреба да зборуваме одделно за жени и мажи претприемачи? За жал, праксата покажува дека сè уште мора да се делува и подига свеста. За иста професија и ист резултат, мажите и жените сè уште добиваат различни плати. Посебно треба да се подига свеста на жените во руралните средини. Гледајте го интервјуто со Македонка Димитрова, добитник на признанието „Жена лавица“.
Која беше најпопуларната претстава за 2024 година на сцената на Националната опера и балет? Колку билети се продадоа во 2024 година? За тоа како помина годината во изминување, но и кои се плановите за 2025 година во оваа културна установа, екипата на „Слободен печат“ во посета на НОБ побара одговори од Христо Саракинов, уметнички раководител на Операта.
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.


