До „Гласен Текстилец“ доставени над 2.000 преставки за неисплата на К-15

Гласен текстилец-илустрација / фото: Гласен Текстилец/Фејсбук

До денеска „Гласен Текстилец“ има добиено над 2.000 претставки од работници во приватниот. Претставките се однесуваат за нецелосна исплата или за неисплатен регрес за годишен одмор, познато како К-15, за минатата година.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека до нив пристигнати се жалби во кои се опфатени 1.420 работници за исплата на К-15 од 500 до 5.000 денари.

– Над 50 работници имаме на кои не им исплатено, кои заминале од фирмите, а им следува К-15, а имаме и над 500 претставки од работници во текстилниот, но и во градежниот сектор на кои воопшто не им е исплатено К-15, вели Ампева.

Таа посочува дека ова на терен се случува поради Колективниот договор на приватниот сектор, којшто како што вели во него е оставено место за манипулација за висината или неисплатата на К-15 на работниците во реалниот сектор.

– За жал ден денеска можеме да слушнеме дека се прават некои спогодби за воопшто да не се исплати К-15. Во ред тоа ние така ќе го поништеме со трудовиот инспекторат доколку така милуваат работодавците, ние ќе мора да ги поништуваме тие спогодби. Меѓутоа таму каде што има помал износ од 1.000, 2.000, 3.000 денари, за жал не може многу да се направи, вели Ампева.

Таа ја повика и Управата за јавни приходи да направи контрола во оние компании каде што воопшто не е исплатен регресот за годишен одмор. Посочува дека годинава имаат и случаи на исплата на регрес за годишен одмор под минималниот износ во првите денови во јануари, а за овие случаи треба да се утврди дали станува збор за исплата на К-15 за 2024 година или пак станува збор за регрес за годишен одмор за лани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот