До ДКСК има доставено докази дека Груби ги користел службените простории за партиски цели
Поради докази дека вицепремиерот Артан Груби ги користел службените простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците за партиски цели, Државната комисија за спречување на корупција најви дека ќе упати укажување до вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
Како што информираше претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на денешната 86 седница, до нив се доставени докази и информации дека вицепремиерот Артан Груби, службените простории на министерството честопати ги употребува за одржување состаноци за партиски цели.
– Фотографи и линкови од фејсбук профилот на политичката партија ДУИ, од кои е видно дека во Министерството се одржани средби на нивниот партиски лидер со претставници од странство, рече Ивановска.
Имајќи предвид дека ваквото однесување не е согласно со Кодексот на етичко однесување на Владата и носителите на јавни функции, првата антикорупционерка нагласи дека ДКСК ќе упати укажување до вицепремиерката Грковска.