До 15 мај во прекин авионскиот, железничкиот и патниот сообраќај меѓу Грција и Македонија

Патнички воз на МЖ/Фото: Архива на Слободен печат

Забраната за влез во Грција не се однесува на грчки државјани, на граѓани со дозвола за престој, како и за лица чие постојано живеалиште е во Грција.

Грчката Влада до 15 мај 2020 година ја продолжи мерката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни врски со Северна Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, што е во сила до 15 мај 2020 година во 15 часот, вчера беше објавена во Службен весник и е „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот на грчка територија”.

Забраната за влез во Грција не се однесува на грчки државјани, на граѓани со дозвола за престој, како и за лица чие постојано живеалиште е во Грција.

Исто така, исклучок од забраната има за камиони кои пренесуваат стока.

Во истата одлука на министрите, вклучени се и мерки што се однесуваат на поврзувањето на Грција со Албанија, Италија и Шпанија

До 15 мај привремено се прекинати сите авионски, морски, железнички и патни поврзувања со Албанија и е забранет влез во Грција за албански државјани, се прекинува морското и авионското поврзувањето со Италија и воздушниот сообраќај со Шпанија.

На 15 март, на состанокот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата Влада беше донесена одлука Грција да ги затвори границите со Северна Македонија и Албанија, одлука што сега е продолжена за уште еден месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот