Локални избори - Кичево: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

До 15 часот гласале 27,19 отсто од избирачите – најголема излезност во Крушево, најмала во Сарај

До 15 часот, на ниво на цела држава гласале 275.034 гласачи или 27,19 отсто, според податоците од Државната изборна комисија.

Најголема излезност досега има во Крушево (50,22%), Пробиштип (49,04%) и Росоман (48,13%).

Во споредба со првиот круг, има намалување, кога излезноста во истиот термин беше 31,29 проценти.

Во скопските општини, најголем интерес има во Карпош (32.4%), Центар (31.84%) и Аеродром (28.35%). Најмал е интересот во Бутел (18,52%) Чаир (8,83%) и Сарај (6%).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот