До 15 часот гласале 27,19 отсто од избирачите – најголема излезност во Крушево, најмала во Сарај
До 15 часот, на ниво на цела држава гласале 275.034 гласачи или 27,19 отсто, според податоците од Државната изборна комисија. Најголема излезност досега има во Крушево (50,22%), Пробиштип (49,04%) и Росоман (48,13%). Во споредба со првиот круг, има намалување, кога излезноста во истиот термин беше 31,29 проценти. Во скопските општини, најголем интерес има во Карпош …

