Дневната навика на Мишел Обама која ќе ви помогне и на Вас

профимедиа

Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама во неодамнешното интервју за еден онлајн американски медиум изјави дека нејзината тајна за среќата и исполнувањето е во односот кој го има сама со себе, односно времето кое си го подарува на себе.

– Моја дневна навика која секогаш е прва на листата со приоритети е да си дозволам самата на себе да бидам среќна. Физички и ментало, тоа е моја диета, физичка активност и емоционална состојба. Се во едно, откри таа.

профимедиа

Мишел призна и дека често односот кон сам себе не е лесен. Во морето со обврски и задачи кои се наметнуваат и кои имаме должност да ги обавиме, забораваме на сопственото време, а и доколку сакаме да си го дозволиме на себе, го отргнуваме бидејќи чувствуваме дека е себично во однос на обврските.

– Научив дека кога себе ќе се ставам на листата со приоритети, покрај нормално и другите луѓе во мојот живот, всушност им помагам директно и на нив. Да се биде добар кон себе е однос кој влијае и на сите луѓе околу вас. А да се биде среќен е одлука и став кон себе. Кога сум среќна и здрава и мојата околина е исто таква – изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот