Дневен пресек на состојбата со ковид-19 во Македонија: Нови 129 случаи од 854 теста, починаа 13 пациенти

Скопје, октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 76, во Кавадарци – 19, во Неготино – 9, во Прилеп – 6, во Велес, во Охрид и во Струга по 3, во Куманово и во Тетово по 2, во Битола – 9, во Гостивар, во Штип, во Кичево, во Виница, во Македонски Брод и во Демир Капија по 1.

Регистрирани се 342 оздравени пациенти од Скопје – 101, од Кавадарци – 49, од Делчево – 45, од Охрид и од Струга по 22, од Велес – 18, од Прилеп – 14, од Неготино – 11, од Тетово – 7, од Куманово – 6, од Гостивар, од Демир Капија, од Свети Николе и од Берово по 5, од Штип – 4, од Гевгелија, од Радовиш и од Валандово по 3, од Битола, од Струмица, од Крива Паланка, од Пробиштип, од Демир Хисар и од Богданци по 2, од Кочани и од Кратово по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати пациенти – пет од Скопје  (76 год., 70 год., 61 год., 58 год., 54 год.), двајца од Кавадарци (87 год., 78 год.) и по еден од Тетово (73 год.), од Куманово (79 год.), од Охрид (66 год.), од Гевгелија (73 год.), од Прилеп (80 год.) и од Неготино (61 год.).

Направени се 854 тестови преку ИЈЗ – 86, преку ЦЈЗ Скопје – 83, преку „Биотек“ – 67, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 140, преку „Систина“ – 215, и преку ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 263.

Досега во земјата се направени вкупно 503.565 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, бројката на оздравени пациенти е 89.742, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590.

Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 76, активни – 2.938

Куманово – 2, активни – 208

Тетово – 2, активни – 228

Прилеп – 6, активни – 473

Гостивар – 1, активни – 118

Штип – 1, активни – 95

Битола, активни – 138

Велес – 3, активни – 212

Охрид – 3, активни – 382

Кавадарци – 19, активни – 454

Струмица, активни – 156

Струга – 3, активни – 157

Кочани, активни – 47

Кичево – 1, активни – 62

Гевгелија, активни – 130

Неготино – 9, активни – 129

Свети Николе, активни – 19

Ресен, активни – 68

Дебар, активни – 43

Крива Паланка, активни – 51

Радовиш, активни – 37

Делчево, активни – 188

Берово, активни – 27

Пробиштип, активни – 21

Виница – 1, активни – 23

Валандово, активни – 20

Кратово, активни – 32

Демир Хисар, активни – 12

Крушево, активни – 48

Македонски Брод – 1, активни – 8

Богданци, активни – 20

Демир Капија – 1, активни – 29

Македонска Каменица, активни – 5

Пехчево, активни – 3

Дојран, активни – 9

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот