Дневен хороскоп за 12 февруари: Изборете се за вашата позиција

дневен хороскоп
Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 12 февруари, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Денеска не ризикувајте на ниту едно поле, бидејќи може да бидете оштетени. Особено избегнувајте поголеми инвестиции. Внимавајте и како ги трошите вашите пари. Бидете внимателни со секој денар. Можете да очекувате интересни настани со личност што ја познавате од порано. Искрите се разгоруваа и на повидок е нова љубовна авантура. Кога е здравјето е во прашање време е да посетите офталмолог. Очите ви се чувствителни, а долгото седење пред компјутер си зема данок.

Бик

Ве очекува поволен ден за соработка со личност родена во знакот Лав. Одлично функционирате заедно на деловно поле. Инвестирајте во тоа што заедно сте го наумиле, но секако секога со резерва и двојно отворени очи кога се работи со партнер. Во работата ви оди одлично, но не и во љубовта. Можеби не сте сигурни дали сакате да останете во врската во која сте моментално. Намалете со храната од животинско потекло, повеќе храна богата со влакна и стомакот ќе ви биде благодарен.

Близнаци

Ве очекува важен состанок на кој на некој начин ќе се реши вашата деловна иднина. Доволно вложувавте во надоградување на вашето знаење и учење на нови вештини. Секој вложен денар во едукација ќе ви се исплати. Не само на деловно поле, туку и на љубовно коцките си се редат. Можеби ќе ви се допадне помлада личност. Ќе се обидете да и дадете до знаење дека сакате врска. Здравјето е одлично, но тоа не значи дека треба да се фрлите на брза храна и долго седење пред телевизор. Искористете ја секоја прилика за пешачење.

Рак

Можеби имате некои нерешени деловни прашања. Сега е време да се посветите на тоа. Имавте големи очекувања и бевте разочарани. Некои од промените се предизвикани од вашата нестручност, а други од непрофесионалноста на вашите колеги. Не очајувајте бидејќи решението е во ваши раце. Како на деловно поле, така и на љубовно – само разочарувања. Едноставно, не треба да им верувате на погрешните луѓе. Посетете ендокринолог, проверете ја вашата тироидна жлезда.

Лав

Денес сè зависи од вас. Вашите одлуки сега се клучни за расплетот на деловната ситуација пред вас. Земете ги работите во свои раце и донесете ја најдобрата одлука. Кога деловните проблеми ќе стивнат може да уживате во приватниот/љубовниот живот кој малку го запоставивте. Романтични сте иако не го покажувате тоа. Не се грижете доколку почувствувате главоболка
или лесна вртоглавица, само сте уморни.

Девица

Не е претерано поволен ден за нови случувања кога е работата во прашање. Потрудете се да ги завршите старите обврски. Денешната работа не ја оставајте за утре. Односите со колегите се мирни, но во љубовта ве очекува нова возбуда. Ќе запознаете личност која е многу посебна за вас и со која сакате да остварите нешто повеќе од пријателска врска. Стресот на работа е причината за несоница. Земете некој билни таблети или чај за смирување.

Вага

Не сте сигурни за одлуката што сте ја донеле и почнувате да размислувате за други опции. Вашата деловна ситуација е некако недефинирана. Секој ден, нов проблем. Многу конфликти и многу неразјаснети ситуации на деловно поле. Се чувствувате како да сте во лавиринт. Можеби љубовта е решение. Некој што неодамна го запознавте упорно се обидува да ви се приближи. Хроничните болести ќе се влошат поради стресот на работа. Останете смирени, колку е тоа можно.

Скорпија

Ве очекува многу важен ден на деловното поле. Состаноци, нови планови за подобрување на работата, нови колеги и план за деловно патување. Еден важен состанок е пред вас кој малку ве вознемирува. Обидете се да избегнете да правите грешки. Многу време потребно за работа, а малку за љубов. Вашата сакана личност многу ви замерува. Започнува период во кој кавгите ќе зачестат. Стресот е најголемиот непријател на здравјето. Бидете внимателни.

Стрелец

Во вашиот тим се подготвуваат промени, а не сте сигурни како тоа ќе се одрази на вашето работно место. Се плашите од отказ или намалување на платата. Изборете се за вашата позиција. Вашиот ладен однос кон партнерот наскоро ќе доведе до распад на заедницата. Вашиот ‘рбет е чувствителен како и грбот.

Јарец

Доколку се надевавте на нова деловна соработка, ќе бидете презадоволни од исходот на денешниот ден. Убав состанок кој ќе биде од големо значење за вашата кариера. За љубов има време. Засега не ве интересира сериозна врска. Уживајте во љубовните авантури додека можете. Вашето здравје е генерално добро.

Водолија

Финансиите ќе ви се подобрат денес. Ви претстои позитивен ден кога станува збор за работата. Треба да ја прекинете врската која се одолговлекува веќе некое време. И самите видовте дека оваа приказна не води никаде. Избегнувајте свадби и несериозни љубовни авантури. Здравјето е одлично, само практикувајте повеќе пешачење.

Риби

Добро време е за нова работа. Доколку барате работа, денес е вашиот среќен ден. Очекувајте телефонски повик и одличен состанок. Спремете се за добра плата и одлична работна атмосфера. Дури и во љубовта ќе ви појде од рака. Ќе започнете врска која би можела да трае долго во иднина. Се чувствуваш добро, но еден систематски преглед е секогаш добредојден.

Видео на денот