ДКСК: Ректорите ги прекршиле начелата на законитост и интегритет со формирањето синдикати на Универзитетите

ДКСК имајќи ги предвид наодите укажува дека со ваквото постапување на ректорите директно се прекршени начелата за законитост и интегритет, кои тие први треба да ги применуваат, рече Ивановска.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) укажува дека со иницијативата за формирање синдикати на универзитетите Св.Кирил и Метидиј (УКИМ) и Св. Климент Охридски (УКЛО) ректорите ги прекршиле начелата за законитост и интегритет, информира денеска претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

Пријава за тој случај до ДКСК  достави Независниот академски синдикат и во неа се укажува на постоење судир на интереси согласно со Законот за спречување корупција и судир на интереси, како и прекршување на одредби од Законот за работни односи, според кои работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор на основање и дејствување на синдикатите.

Во меѓувреме, соопшти Ивановска, постапувал надлежниот орган – Државниот инспекторат за труд кој утврдил прекршување на одредбата 195 од Законот за работни односи, по што ќе спроведе постапка согласно своите законски одредби по утврдениот прекршок.

– ДКСК имајќи ги предвид наодите укажува дека со ваквото постапување на ректорите директно се прекршени начелата за законитост и интегритет, кои тие први треба да ги применуваат, рече Ивановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот