Дизни потврди дека ќе се прави нова верзија на Бамби!

Дизни одлучи на гледачите да им претстави уште еден класик – „Бамби“.

После минатогодишниот успех на римејкот за „Lion King“, Дизни одлучи на гледачите да им претстави уште еден класик – „Bambi“. Оригиналниот цртан филм кој во 1942 година го разви аниматорот Тајрус Вонг и кој се темели на книгата „Bambi: a Life in the Woods“ од авторот Феликс Салтена, ќе го замени фоторалистична играна верзија.

View this post on Instagram

#bambi

A post shared by Thumper (@thumper_land) on

Интересно е што Бамби бил севкупно 5-от анимиран филм од Дизни студиото, но прв во кој што немало човечки ликови. Во 2006 година е објавено и продолжение со насловот „Bambi 2“, но никогаш не ја достигнал славата на својот претходник. Според пишувањата на Hollywood Reporter, за најновата верзија ќе бидат задолжени 2 сценаристки: Линзи Биер и Женева Робертсон-Дворет, сценаристката на минатогодишниот хит-филм „Captain Marvel“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот