Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Дизелот поскапува за 14,5 денари, бензините за 5!

Горивата од полноќ драстично поскапуваат – цената на дизелот се зголемува за 14,5 денари по литар, што е најголемиот скок досега, од над 20 проценти. Литар дизел од утр ќе се продава за 85,5 денари за литар, објави Регулаторната комисја за енергетика (РКЕ).

Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат по пет денари и ќе чинат 79,5 односно 81,5 денари по литар.

Големо поскапување има и кај екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое поскапува за 12,5 денари и литар од утре ќе се продава за 82,5 денари.

Мазутот М-1 НС, пак, поскапува за 7,044 денари по килограм, објави РКЕ.

Ова поскапување на горивата се случува откако нагло пораснаа цените на суровата нафта на светските берзи, поради американско-израелскиот напад врз Иран и кризата на Блискиот Исток.

Повеќе бензиски пумпи по 22 часот не точат гориво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот