Диви животни предизвикале три сообраќајки деновиве на автопатот Скопје-Тетово
Во текот на изминатата недела, тетовската полиција забележала три сообраќајки незгоди на автопатот Тетово-Скопје, за кои причина било движење по коловозната лента на диви животни.
Препорачано
Во овие три случаи, сите во близина на селото Групчин, станува збор за диви прасиња во кои удриле возила, а кои поминале само со материјална штета и без повредени луѓе. Во последниве неколку години имаше два случаја на тешки сообраќајни незгоди кои ги предизвикаа мечки.
– Во овој реон и покрај заштитната ограда, тие успеале да влезат на коловозот и да ја доведат во прашање безбедноста на сообраќајот. При тоа, кучињата скитници и годинава се најголемите предизвикувачи на ваков вид несреќи (48), а чиј вкупен број на тетовското подрачје досега изнесувал 58. Секторот за внатрешни работи Тетово со совет и до ловечките друштва во рамките на нивните надлежности да преземат соодветни мерки околу дивечот, со што ќе придонесат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во текот на годината има вкупно шест случаи на незгоди во кои биле прегазени диви прасиња, а има и примери со зајци, мачки и една мечка.


