Директорот на МКЦ со детективски способности: Нови брави за старата документација

Младински културен центар/ФОТО: Слободен печат

Годината почна со лоши вести за култниот Младински културен центар во Скопје, и покрај признанието кое дојде како „круна“ на работењето на МКЦ со наградата „13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, веројатно и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј.

Сагата на МКЦ почна откако за нов в.д. директор беше назначен Никола Алексов, дипломиран детектив. Алексов беше поставен за директор бидејќи поранешниот в.д. директор Ванчо Богоев не подлегнал на притисоците од генералниот секретар да потпише вработување за музичарот Бени Шаќири.

Маргарита Арсова, програмски раководител во Младински културен центар, за „Слободен печат“ изјави дека првиот потег на новиот менаџмент е надвор од секоја правна логика.

– Ние вработените во МКЦ се уште се немаме запознаено со новиот директор, а воедно и ја оспоруваме неговата легитимност и начин на кој се назначи за раководител. Во тек е ревизија во МКЦ, во моментов нашиот културен центар е во незавидна ситуација, во која како вработени сме затекнати со сите актуелните случувања. Кај вработените постои несигурност и сомнеж, бидејќи не знаеме каква ќе биде иднината, ниту кон што ќе цели ваквиот расплет на настаните?! Во првите денови од мандатот на Никола Алексов, во Младинскиот културен центар единствено има промена на бравите на канцелариите во кои се наоѓа целата документација на оваа институција, а од тие брави само тој ги има клучевите, што сметаме дека се коси со неговите ингеренции, потенцираше Арсова.

Според Маргарита Арсова, борбата не е лична, ниту се однесува за директорското место, туку за политизирањето во културата на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот