Инцидент во Демир Хисар / Фото: скриншот

Директорката од Демир Хисар во вторник ќе оди на информативен разговор – не на носилка, туку со адвокат

Директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска за која началникот на ОВР Демир Хисар бараше со носилки да биде однесена во полиција, за што беше суспендиран и МВР најави негово разрешување, во вторник ќе оди на информативен разговор во ОВР Демир Хисар, најави нејзиниот адвокат Жаре Стеваноски.

– На 12 август во 09:30 часот, директорот заедно со својот адвокат ќе се јави на поканата за информативен разговор во просториите на МВР – ОВР Демир Хисар. По завршувањето на разговорот, од началникот на ОВР ќе биде побарано во негово присуство да се влезе во училиштето, со цел да се утврди кој престојувал во училишните простории на денот на претресот и да се расчистат сите спорни прашања околу законитоста на постапката – соопшти адвокатот.

Тој бара да се утврди врз основа на чија пријава и на кои докази ОВР Демир Хисар пред Основното јавно обвинителство – Битола го формирало „веројатниот основ за сомневање“ за сторено кривично дело, по што судот ја издал наредбата за претрес.

– Јавноста и медиумите се поканети да бидат присутни и пред ОВР Демир Хисар во 09:30 часот, а потоа и во СОУ „Крсте Петков Мисирков“, за да добијат целосни информации за, како што наведува, „предизборниот обид за разрешување на директорот од страна на градоначалникот на Општина Демир Хисар“ – стои во соопштението на адвокатот Стеваноски.

ВИДЕО | Се барал печатот? Драматичен претрес кај болна директорка во Демир Хисар која инспектор бара на носилки да дојде во станица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот