Директорката која доцна ја прочитала дојавата за бомба: Мејлот стигнал по работното време

Фото: ОУ „Кочо Рацин“ - Петровец

Директорката на основното училиште „Кочо Рацин“ во Петровец, Виолета Јаневска се огласи со објаснување во врска со дојавата за бомба во нејзиното училиште, откако се откри дека со задоцнување ја пријавиле дојавата, која била испратена вчера.

Таа вели дека мејлот е испратен по завршување на работното време, и во тоа време немало ученици во училиштето.

„Мејлот е пратен вчера во 15 ч и 07 мин., по завршување на работното време на службите коишто што се задолжени за отворање на електронската пошта на училиштето и во моментот училиштето нема ученици. Утрово по пристигнување на работното место ја отворив електронската пошта околу 7ч и 20.мин. пред почеток на часовите при што видов дека има порака со заканувачка содржина. По што го известив МВР и општината и учениците беа безбедно евакуирани во училишниот двор“, вели таа.

Според неа, потоа пристигнале единиците на Министерството за внатрешни работи, при што било констатирано дека дојавата за бомба е лажна.

„Воедно сакам да Ве информирам дека истовремено истиот мејл стигнува и во други 4 училишта меѓу другото и ООУ, Илинден” од Крива Паланка кое што исто така го пријавува случајот денес околу 11 часот, а претходниот ден МВР го бара тоа училиште во општина Илинден, но не може да го најде. Сакам да прашам зошто кога на испратениот е-маил се гледа до кои училишта е пратена пораката меѓу кои е и нашата е маил адреса МВР не не контактира да праша дали сме добиле порака со заканувачка содржина а веќе се знаеле до кои училишта е пратено???“, прашува директорката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот