Директор на ФИФА откри дали постои можност Мундијалот да биде одложен поради војната
Оперативниот директор на Светското првенство на ФИФА, Хајм Ширги, тврди дека турнирот е „преголем“ за да биде одложен поради глобалните тензии предизвикани од војната на САД и Израел против Иран.
Препорачано
Ширги ваквата изјава ја даде во Далас, каде што во наредниот период треба да биде сместен Меѓународниот медиумски центар за Светското првенство кое ќе почне на 11 јуни.
Тој нагласи дека ФИФА внимателно ја следи ситуацијата поврзана со конфликтот во Иран и можните последици.
„Кога би имал кристална топка, ќе можев да ви кажам што ќе се случи. Очигледно е дека ситуацијата се развива и се менува од ден на ден, а ние внимателно ја следиме“, изјави Ширги
ФИФА постојано соработува со националните и меѓународните партнери за проценка на ситуацијата.
„Секојдневно ја анализираме состојбата и во одреден момент ќе имаме јасно решение. Светското првенство, секако, ќе се одржи. Овој турнир е преголем и се надеваме дека сите репрезентации кои се квалификуваа ќе можат да учествуваат“, порача Ширги.
Првенството, кое е проширено од 32 на 48 репрезентации, треба да се игра на 11 стадиони во САД, три во Мексико и два во Канада.
Иако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе забрана за патување за четири земји кои се квалификуваа, Иран, Брегот на Слоновата Коска, Хаити и Сенегал, најавено е дека ќе се направи исклучок за фудбалерите, членовите на репрезентациите и нивните најблиски семејства.
Ширги откри и дека ФИФА е во постојан контакт со фудбалската федерација на Иран за да добива нови информации за состојбата, но не сакаше да открие детали од тие разговори.
Иран најави повлекување од Светското првенство – две репрезентации чекаат шанса да го заменат
Иран најави повлекување од Светското првенство – две репрезентации чекаат шанса да го заменат


