Дипломатот од кариера Желјазко Радуков ќе биде новиот амбасадор на Бугарија во Скопје

Желјазко радуков/ Фото: МНР на Бугарија

Радуков, освен што работи во МНР е и организациски секретар на Мешовитата историска комисија, а активно работи на заштита на правата и културно-историското наследство на бугарската заедница во Македонија.

Дипломатот од кариера во бугарското Министерство за надворешни работи, Желјазко Радуков ќе биде новиот амбасадор на Бугарија во Македонија, на предлог на министерката Марија Габриел, објави агенцијата БГНЕС.

Тој ќе дојде на местото на актуелниот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов чиј мандат завршува во јуни годинава.

Радуков е кариерен дипломат со искуство во повеќе области на односите меѓу Бугарија и земјите од Западен Балкан. Тој бил во директоратот во МНР за Југоисточна Европа каде што во различни периоди беше одговорен за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, и работел на серија прашања од билатералните односи со овие земји, вклучително и нивната европска димензија. Радуков. Меѓу другото, помагал во администрирање на проекти во рамките на механизмите за финансиска поддршка на бугарската држава во странство – Официјалната развојна помош и Програмата за поддршка на организациите на бугарските заедници.

Во Скопје веќе бил трет секретар во бугарската амбасада во периодот од 2010 до 2013 година, по што бил прв секретар во Амбасадата на Бугарија во Белград.

Од 2021 година Радуков е одговорен во бугарското МНР за Македонија и тоа и за билатералните односи, но и за европскиот контекст. Исто така, како што стои во образложението на предлогот, имал клучна улога во креирањето и спроведувањето на европскиот компромис од 2022 година, вклучувајќи ги билатералните преговори за Протоколот од вториот состанок на Меѓувладината комисија, потпишан во јуни 2022 година. Радуков е и организациски секретар на Мешовитата историска комисија, а активно работи на заштита на правата и културно-историското наследство на бугарската заедница во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот