Димовски: Немаме комплетна слика дали учениците навистина можат да го совладаат материјалот и да ги добијат објективните оценки
Сите знаеме дека онлајн наставата трае веќе два месеци, така што преземени се сите препораки од МОН. Досега наставниците индивидуално, во договор со учениците и имајќи ги предвид техничките можности, организираа некои активности за учениците – задачи, есеи, плакати, видеа, наставни листови и сл. Учениците на ниво на паралелки се организирани во групи, па на овој начин класните раководители и предметните професори комуницираат со нив. Може да се каже дека учениците се информирани во најголем степен и ги реализираат барањата од наставниците, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Митко Димовски, директор на СУГС „Орце Николов“.
Препорачано

На учениците им недостасува дружбата, но сепак најголемо незадоволство од целата ситуација чувствуваат матурантите.
-Оценувањето ќе биде потешко. Мислам дека немаме комплетна слика дали учениците навистина можат да го совладаат материјалот и да ги добијат објективните оценки. Крајниот исход ќе видиме каков ќе биде. Може незадоволството ќе биде присутно, но не толку колку што на матурантите и не само на нив ,туку и на сите ученици им фали дружбата.
Имам сознанина дека амбасадите комуницираат со надлежните како да ја проверат веродостојноста на оценките и мислам дека ќе најдат начин како ќе ги рангираат учениците кои сакаат да се запишат надвор. Мислам дека ќе немаме проблем, додаде Димовски.


