Димитров во официјални посети на Брисел и Берлин

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

По вчерашните средби и активности во Париз, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре е во работна посета на Брисел, од каде ќе замине за Берлин.

Во фокусот и на овие средби, како што соопшти МНР, во клучниот период за европската иднина на Северна Македонија ќе бидат изгледите и чекорите кои се прават за позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври годинава.

Во Брисел е предвидено министерот Димитров да учествува на работен состанок со амбасадорите на земјите-членки при Европската Унија (КОРЕПЕР), на кој ќе ги претстави тековните активности на земјата во пресрет на Советот, ќе потсети на севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период и ќе побара носење на одлука за почеток на пристапните преговори.

Димитров ќе учествува и на настан организиран од страна на German Marshall Fund во Брисел посветен на патот на Република Северна Македонија кон европската и евроатлантската интеграција. Ќе се сретне и со високи претставници на европските институции, меѓу кои и еврокомесарот Јоханес Хан, а ќе присуствува и на приемот по повод Денот на независноста -8 Септември, кој го организираат дипломатско конзуларни претставништва на Република Северна Македонија во Брисел.

Во Берлин, пак, како што е најавено, предвидени се низа работни средби, меѓу кои и со шефот на германската дипломатија Хајко Мас, државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот и со други владини претставници, како и со повеќе пратеници од Бундестагот, со претставници на Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел и други релевантни соговорници. За време на посетата, планирано е и учество на министерот Димитров на работен појадок организиран од страна на Фондацијата „Körber”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот