Максим Димитриевски-градоначалник на Куманово / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Димитриевски прашува каде е фамозното УСБ: Што договарале Пендаровски, Ковачевски, Ахмети и Груби за враќање на Груевски?

Претседателот на ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во своето гостување во „Топ Тема“ на Телма ја отвори темата која, како што посочи, со години останува без јасни одговори и е обвиена со политички молк, дилеми и недоследности околу процесите поврзани со екстрадицијата на Никола Груевски.

„Во јавноста, наместо целосна транспарентност и институционална доследност, со години се менуваат ставови, се оставаат недоречени ситуации и се отвора простор за сомнежи околу начинот на кој се воделе клучни политичко-правни процеси“, рече Димитриевски.

Лидерот на ЗНАМ додаде дека се поставува прашањето , дали во кабинетот на поранешниот претседател Стево Пендаровски, во присуство на Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Артан Груби и други претставници на СДСМ се разговарало за сценарија поврзани со враќањето на Никола Груевски во Македонија во замена за негова амнестија.

„И дали постојат записи или стенограми од тие средби, кои се кријат од јавноста? Дали помеѓу СДСМ и ДУИ постоеле политички договори за законски измени во Кривичниот законик, по барање на Груевски? Дали сето тоа е нотирано на фамозното УСБ стикче кое патувало на релација Будимпешта-Скопје“, праша Димитриеевски.

Дополнително, вели тој, останува отворено прашањето за заминувањето на Груевски од државата и дали за тој институционален пропуст е утврдена конкретна одговорност, имајќи ги предвид тогашните надлежности на властите предводени од СДСМ.

Според ставовите што ги изнесе Димитриевски, наместо целосно расчистување, јавноста со години сведочи на политички дефокус, обвинувања и недоречени објаснувања, додека суштинските прашања остануваат без конечен одговор.

 

Груевски до Филков: Наместо да собираш документи за екстрадиција, истражи ги монтираните судски процеси

ЗНАМ ќе ја прифати резолуцијата на СДСМ со „црвените линии“, најави Максим Димитриевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот