Димитриев: Ќе го информираме ОЈО за незаконско постапување за прекинување на наредбите за прислушување

Зад затворени врати, Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, одлучи да го информира републичкото обвинителство за незаконско постапување за време на прекинувањето на наредбите за прислушување, за време кога УБК обврските ги предаде на Агенцијата за национална безбедност, изјави претседателот на собраниската комисија, Емил Димитриев.

– Комисијата едногласно донесе заклучок да го информира јавното обвинителство без да прејудицира дали имало или не, незаконско постапување при прекинувањето на наредбите за следење на комуникациите со завршување на работата на УБК и повторно воспоставување во период кога започнува со работа АНБ. Со оглед дека за време на надзорот не ни беа доставени наредбите на увид, дел од материјалот беше презентиран денеска на самата седница. Комисијата оцени дека треба да го запознае јавното обвинителство со случајот – изјави претседателот на собраниската Комисија за надзор на спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, Емил Димитриев.

Ова произлегува откако четворица пратеници, од истата Комисија, пред две недели, вршеа увид во едномесечна работа на новата Агенција за национална безбедност, а токму извештајот за сработеното на АНБ се најде на дневен ред.

Димитриев изјави и дека Комисијата ќе го информира Собранието како основач на Оперативно-техничката Агенција (ОТА), да ја задолжи владата да најде трајно решение за просториите на ОТА.

– ОТА во моментов е сместена во простории на „Телеком“, плаќа кирии и нема право да гради и да го адаптира просторот. Фактички државата плаќа кирија на компанија во која самата е акционер – вели Димитриев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот