Димитриев: Бугарија да не ги нарушува односите од позиција на член на ЕУ

Емил Димитриев / Фото: Слободен печат - Утрински брифинг

Конференцијата „Западен Балкан заеднички на патот кон Европската унија“, во организација на фондацијата Конрад Аденауер, остана во сенка на отворените прашања меѓу Македонија и Бугарија, кои ја засегаат европерспективата на земјава.

Поранешниот технички премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев истакна дека секогаш ќе се најде некој што повеќе ќе мисли на минатото, наместо иднината.

– Ги затворивме отворените прашања со јужниот сосед, но останаа оние со источниот. Единствено заедништвото е формула за решавање на споровите, но заедништвото се темели на посебноста и рамноправноста. Нашите соседи се дел од ЕУ, но тоа што некој е внатре не треба да се наметнува во односите, бидејќи тоа влијае и на блискоста на народите- изјави Димитриев.

Неговиот сопартиец и секретар за меѓународни односи во ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски порача за сите прашања да се гради домашен консензус, а како што додаде, кај нас меѓу политичките сили имало поларизација и з авреме на пандемија.

– Доколку Република Бугарија е кредибилен партнер на Македонија ќе и овозможи на земјава да се одржи првата Меѓувладина конференција до крајот на годината- заклучи Муцунски.

Инаку на конференција, преку видео врска, се обрати и генералниот секретар на Европската народна партија, Антонио Лопез-Истуриз Вајт, кој истакна дека Македонија ја има поддршката од меѓународните партнери за што поскоро отпочнување на пристапните преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот