Димитриеска Кочоска најави одговорно работење, борба со сивата економија, ниски и рамни даноци

Концепт кој подразбира чесно, професионално однесување пред се и работа исклучиво во интерес на граѓаните – е победничкиот концепт според потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска истакна дека програмата Платформа 1198 предвидува борба со сивата економија, како и ниски и рамни даноци укажувајќи дека не може едни да плаќаат а други да не плаќаат.

„Јасно ни е дека буџетот е ограничен. Но затоа може да има повеќе борба со сивата економија. Ниски и рамни даноци е наша политика која што и понатаму продолжува бидејќи мислиме дека тоа е единствен фер третман кон сите. Не може едни да плаќаат, а други да не плаќаат. А со борба со сивата економија, ќе имаме поголеми приходи во буџетот“, рече Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска посочи дека Платформа 1198 подразбира и 250 милиони евра реалокација на буџетски средства во општините се со цел реализација на што поголем број за граѓаните и подобрување на квалитетот за животот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот