Димитар Бошнаков ја освои титулата најдобар пливач во Бања Лука во категоријата 14-15 години

Надежта на македонското пливање, Димитар Бошнаков, продолжува да реди нови значајни успеси – младиот пливач се закити со нова титула.
Бошнаков на меѓународниот натпревар во Бања Лука беше прогласен за најдобар пливач во категоријата 14-15 години, со поставени лични рекорди и освоени три медали.
На натпреварот на кој учествуваа повеќето земји од регионот, но и пливачи од САД, Бошнаков освои два златни и еден сребрен медал.
За талентираниот Димитар овој натпревар претставува одличен тест за претстојното државно првенство и европското натпреварување во Лариса, Грција.
Претходно, во март годинава нашиот пливач од Словенија се врати со еден златен и еден брозен медал во пливачкиот стил краул на меѓународниот турнир „ММ Марибор 2023“.