ДИК: Од категоријата болни и немоќни лица гласале 7861 гласачи (ВИДЕО)

Денеска своето право на глас можеа да го остварат посебните категории на гласачи, а тоа беа болните, немоќните гласачи, гласачите кои се наоѓаат во казнено поправните установи и гласачи кои се наоѓаат во установи за вонсемејна грижа, како и внатрешно раселените лица, истакна на вечерашната прес конференција портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

-Податоците што ги собра Државната изборна комисија се следни; вкупно од категоријата болни и немоќни лица гласале 7861 гласачи, овие податоци ќе се докомплетираат, кога одредени Општински изборни комисии ќе ги пријават своите податоци од оваа категорија на гласачи, утре ќе ги објавиме 100 пронцентните податоци. Бројот на гласачи кои се наоѓаат во установи за вонсемејна грижа изнесува 234 гласачи, значи 234 гласачи во оваа категорија го оствариле своето право на глас. Бројот на гласачи кои се наоѓаат во казнено поправните установи изнесува 1235 лица, треба да се достават уште податоци за во целост да се комплетира оваа бројка- рече Шабани.

Ова беа сите податоците кои ги собра Државната изборна комисија за гласањето на последните категории на гласачи, потенцираше тој, во текот на утрешниот ден, односно во 9 и 30 часот наутро е најавена следната прес-конференција на ДИК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот